12 September, 2025 - Ohrid

 

✅ Завршена обука во Охрид!

На 12.09.2025 во просториите на СУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид успешно се одржа обуката на тема Промоција на претприемништвото и подигање на свеста за претприемништвото кај младите.

На обуката присуствуваа млади и креативни учесници кои имаа можност да научат да развијат претприемачки начин на размислување да ја препознаат важноста на иновациите и да се охрабрат да креираат нови можности за личен и професионален развој.

Со големо задоволство истакнуваме дека интересот и енергијата на младите во Охрид ја потврдуваат потребата од вакви активности кои ја поттикнуваат претприемачката култура и иновативноста.

Организатори на обуката беа:

World Smart Education во соработка со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.