23 September, 2025 - Gevgelija

 

📢 Успешно реализирана обука во Гевгелија

На ден 23.09.2025 година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија успешно се реализира обуката на тема:
„Подготовка на бизнис план“.

На обуката активно учествуваа 22 млади ученици кои преку практични примери и интерактивна работа имаа можност да се запознаат со процесот на изработка на бизнис план, структурирање на идеи и начини на претставување пред потенцијални инвеститори.

Оваа активност се реализираше во рамките на соработката помеѓу World Smart Education и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, со цел да се поттикне претприемничкиот дух кај младите и да се обезбедат алатки за нивната иднина.