November 2025 - Bitola & Stip
Успешно реализирани обуки на тема „Дигитализација на малите и средни претпријатија“ во Битола и Штип
Во организација на World Smart Education и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, успешно се реализираа двете обуки на тема „Дигитализација на малите и средни претпријатија (МСП)“.
Обуките се одржаа во:
Битола – Општинска сала, 7.11.2025
Штип – Општинска сала Штип. 12.11.2025
Настаните имаа за цел да им помогнат на претставниците на малите и средни бизниси да стекнат конкретни знаења за дигитална трансформација, примена на нови технологии и алатки за подобрување на ефикасноста, комуникацијата и продажбата.
Преку практични примери, дискусии и интерактивни активности, учесниците имаа можност да научат како да воведат дигитални решенија во секојдневното работење и како преку иновации да ја зголемат конкурентноста на својот бизнис.
Организаторите изразуваат благодарност до сите учесници за нивната ангажираност, идеи и интерес за развој на дигиталните вештини во деловниот сектор.
World Smart Education и ИНОВА ќе продолжат со реализација на вакви иницијативи низ Македонија, со цел поддршка на дигиталната трансформација и зголемување на иновативноста на домашните компании.
