02-04 February - Belgrade, Serbia
Во периодот од 2 до 4 февруари 2026 година, во Белград, во организација на World Smart Education успешно се одржа обука на тема „ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2025“.
Обуката беше наменета за сметководители, финансиски работници и сите лица вклучени во подготовка и поднесување на годишна завршна сметка. Учесниците имаа можност да се запознаат со законската регулатива, практичната примена при изготвување на финансиски извештаи, како и најчестите грешки при поднесување на завршната сметка.
Предавач на обуката беше стручниот предавач Бранислав Гулев, кој преку практични примери и реални ситуации од пракса овозможи полесно разбирање и примена на материјалот.
Обуката беше успешно реализирана, а учесниците се стекнаа со практични знаења и насоки за правилно и навремено поднесување на завршната сметка за 2025 година.
