13-16 December, Madrid, Spain
Од 13 до 16 декември, во Мадрид, во организација на World Smart Education се одржа специјализирана обука од областа на јавните набавки, наменета за сите професионалци кои работат со постапки за јавни набавки и управување со договори.
Преку интерактивен пристап, практични примери и анализа на реални ситуации, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења за планирање на јавни набавки, подготовка на тендерска документација, евалуација на понуди и правилна примена на законската регулатива.
Обуката ја водеше Савка Нејковска Тасева, искусен предавач и експерт во областа на јавните набавки, која сподели практични насоки, искуства од пракса и препораки за успешно и законито спроведување на постапките.
Преку оваа обука, учесниците се стекнаа со практични знаења, размена на искуства и професионално усовршување во областа на јавните набавки, следејќи ги современите практики и предизвици во оваа област.





