08 - 11 March, Rome, Italy

Во периодот од 08 до 11 март 2026 година, во Рим, во организација на World Smart Education се одржа специјализирана обука на тема „Менаџмент на човечки ресурси во јавна администрација“. Обуката беше наменета за раководни службеници, лица од одделенијата за човечки ресурси, како и за сите вработени во јавната администрација кои работат во областа на управување со човечки ресурси.

Целта на обуката беше унапредување на знаењата и вештините во делот на стратешко управување со човечки ресурси, планирање на кадар, селекција и вработување, оценување на работната успешност, мотивација на вработените, како и развој и обука на административните службеници. Посебен акцент беше ставен на современите практики во управувањето со човечки ресурси во јавниот сектор, како и на предизвиците со кои се соочуваат институциите.

Преку интерактивна работа, студии на случај, практични примери и дискусии, учесниците имаа можност да разменат искуства, да анализираат реални ситуации од пракса и да стекнат практични насоки за подобрување на процесите за управување со човечки ресурси во институциите.

 

Со учеството на оваа обука, учесниците ги зајакнаа своите професионални капацитети, ги унапредија своите менаџерски и организациски вештини и стекнаа нови знаења кои ќе придонесат за поефикасно и поквалитетно управување со човечките ресурси во јавната администрација.