17 - 20 April, Napoli, Italy
World Smart Education организира специјализиран семинар кој ќе се одржи во периодот од 17 до 20 април 2026 година во Наполи, Италија, наменет за вработени во јавниот сектор, финансиски службеници, службени лица за јавни набавки, правници, раководни лица, внатрешни ревизори и сите лица вклучени во финансиско управување, контрола и спроведување на постапки за јавни набавки.
Семинарот е структуриран во два стручни модули и е насочен кон практична примена на законската регулатива, управување со финансии, управување со ризици и ефикасно спроведување на постапките за јавни набавки.
МОДУЛ 1 – Финансии
Овој модул ги опфаќа системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, финансиското управување и контрола, управувањето со ризици, мапирањето на работни процеси, како и методологијата за проценка и управување со ризици. Посебен акцент се става на практичната примена, воспоставување на контролни механизми и подобрување на ефикасноста и отчетноста во институциите.
Предавач: Бранислав Гулев
МОДУЛ 2 – Јавни набавки
Модулот е наменет за практична примена на Законот за јавни набавки, правилна подготовка на тендерска документација, намалување на жалби во постапките, изработка и анализа на жалби, управување со договори и поврзување на јавните набавки со буџетското планирање. Обуката е базирана на практични примери, реални ситуации и искуства од пракса.
Предавач: Савка Нејковска Тасева
Со учество на семинарот, учесниците ќе стекнат практични знаења и алатки за подобрување на финансиското управување, воспоставување на систем за управување со ризици, како и за поефикасно и законито спроведување на постапките за јавни набавки.
Семинарот претставува можност за професионална едукација, размена на искуства и унапредување на работењето во институциите согласно законските прописи и добрите практики.
