30 October, Skopje

Во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје на 30ти октомври 2025 беше успешно спроведена обука за подготовка на бизнис план и работилница под наслов Биди претприемач, во организација на World Smart Education и ИНОВА.

Учениците имаа можност да се запознаат со основите на претприемништвото, процесот на креирање и развивање бизнис идеи, како и практичните чекори за изработка на бизнис план.

Преку интерактивни активности и тимска работа, младите учесници покажаа исклучителна креативност, лидерски способности и интерес за иновативно размислување.

Оваа обука е дел од нашата мисија за поттикнување на младинското претприемништво и поддршка на новата генерација визионери кои ќе го движат економскиот развој на земјата.

📍 СОУ „Орце Николов“ – Скопје
👥 Организатори: World Smart Education & ИНОВА