14-17 February, Venice, Italy
Во периодот од 14 до 17 февруари 2026 година, во Венеција, во организација на World Smart Education се одржа обука на тема „Деловна етика и протокол во јавна администрација“, наменета за вработени во јавниот сектор, раководни лица, како и за сите кои се вклучени во административно работење и институционална комуникација.
Обуката беше насочена кон унапредување на професионалното однесување, деловната комуникација, протоколот при официјални настани, како и етичките стандарди во јавната администрација. Преку практични примери и интерактивна работа, учесниците имаа можност да се запознаат со правилата на деловен бонтон, комуникација со странки и институции, како и правилно однесување во формални и меѓународни ситуации.
Учесниците преку оваа обука ги унапредија своите професионални вештини, стекнаа нови знаења и практични насоки за примена на деловната етика и протоколот во секојдневното работење во јавната администрација.




