21 November, Skopje
Успешно реализирана обука за поддршка на женското претприемништво во Скопје
Денес 21.11.2025 во просториите на Public Room – Скопје, одржавме инспиративна и исклучително продуктивна обука посветена на поддршката и развојот на женското претприемништво. На настанот учествуваа повеќе од 20 мотивирани и амбициозни жени, подготвени да ги развијат своите бизнис идеи и да започнат нови професионални успеси.
Особена чест беше присуството на директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, која сподели практични совети и охрабрувачки пораки за жените претприемачи, како и на зaменик-министерката за евроинтеграции, Викторија Трајков, која истакна колку е значајно за државата да создава услови за женско економско јакнење и активна улога во бизнис секторот.
Обуката опфати практични вежби, мотивациски делови и споделување идеи, а учесничките имаа можност да се вмрежат, разменат искуства и да добијат конкретни насоки за понатамошен развој.
Настанот уште еднаш покажа дека жените во Македонија имаат огромен потенцијал, креативност и енергија – а заедничката поддршка создава силна бизнис заедница подготвена за раст и напредок.



